„Ние не сме каскадери“ 47-ма Критична маса

0
2212

„Ние не сме каскадери“- е пораката на 47-мата Критична маса која што ќе се одржи во четврток на 29 март , организирана од велосипедската иницијатива Битола НаТочак. Наведуваат неколку причини за оваа тема а главната порака е да се воспостави велосипедска инфраструктура, бидејќи според нив за да бидеш велосипедист во Битола треба да поседуваш каскадерски вештини.

-Оваа критична маса ја дефиниравме “ Ние не сме каскадери ” од повеќе причини. Во Битола потребни се оние каскадерски вештини  за да можеме безбедно да се движиме. Главната порака е да се воспостави некоја велосипедска инфаструктура.Да си велосипедист во Битола значи дека секојдневно се соочуваш со секакви  препреки, на секои 100 до 200 метри  има по некоја дупка која треба да се избегне,  значи треба да се има каскадерски вештини за да си велосипедист, рече Горан Стојановски од Битола На Точак.

Потсетуваат на црната статистика за изминатата година објавена од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот,  како и за тоа дека инфраструктурата во градот не ги задоволувала основните потреби на велосипедистите и пешаците.

-Битола руши рекорди по црна статистика, за минатата година. Според Републичкиот совет за безбедност во сообрајќајот на патиштата во Битола имаше вкупно 27 жртви во сообрајќајки , повеќе од Скопје.  Тоа ни дава слика каква е ситуацијата во сообрајќајот. Упорно улиците се конструираат од аспект на потребите  на автомобилите а не од потребите на велосипедистите и пешаците, додаде Стојановски.

Ги повикуваат сите љубители на велосипедизмот да им се приклучат во оваа Критична маса со цел поголема масовност и нивната порака стигне до надлежните. Настанот ќе започне во 18 часот на паркингот кај Педагошкиот факултет.