„Низ душата на македонската песна“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Предновогодишно „Низ душата на македонската песна“ на сцената на битолскиот народен театар.


Детскиот хор „Ѕвончиња“ , „Тин Ѕвончиња“, камерниот хор „Мелодиум“ придружени од „Наш бенд“ под водство на уметничкиот раководител Марина Коруновска.


Таа вечер евергринот доби посебна моќ кога прозвучи низ гласовите на малите и млади музички таленти.

Од седумдесетина деца на возраст од три до 18 години прозвучија безвремените македонски хитови.


На овој начин децата од мали нозе учат за вредностите на убавата македонска песна и го градат својот естетски музички вкус.


Ова е хор кој има освоено многу домашни и меѓународни награди.

Прв детски хор кој ја има претставено Македонија во Рим Италија, а гласовите на дечињата се овековечени со снимање и издавање на пет музички ЦД-a.

Share.