Никогаш не е доцна: земјоделец стана Јутубер на 84 години – го следат илјадници

Британецот Џон Батлер е поранешен земјоделец, а на 84-годишна возраст стана Јутјубер со 120.000 следбеници. Многумина му се благодарни за неговиот совет во борбата против анксиозноста за време на пандемијата.

Прочитајте и: Цели 14 месеци водел битка со короната, за жал не ја добил


Неговите видеа, во кои тој зборува за животот и медитацијата, имаат милиони прегледи. Тој зборува за ASMR или автономниот сензорни меридијански рефлекс кој често се опишува како одговор на телото во форма на одредени сензации и чувства. Овие сензации најчесто се благо скокоткање, пецкање, свежина или бранови на енергија кои најчесто се појавуваат на скалпот и се шират низ телото.

И додека беше земјоделец, Батлер вежбаше медитација. Тој им помага на другите со своите совети за тоа како да се релаксираат пред сè психички. Како што рече, тој воопшто не знаел што е Јутјуб, па затоа многу малку знаел за Интернет. 

Сподели