Министерот за земјоделие Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието Никица Бачовски и со раководителот на ПЕ на МЗШВ во Битола Методија Илиевски денеска ги доделија првите 730 решенија за земјоделците за финансиска поддршка при набавка на трактор.Финансиската поддршка која ја даваат е во форма на кофинансирање до 75% од вредноста на тракторот. Како министерство и Влада имаме поставено јасна цел, развој и модернизација на македонското земјоделство, рече министерот Николовски.

„Нашата грижа за земјоделците и инвестирањето во одржливо и ефикасно домашно производство ја продолжуваме. Модернизацијата на македонското земјдоелство покрај овој повик за набавка на трактори ја реалзиираме и преку поддршката за набавка на силоси за зголемување на сточниот капацитет. Потоа поддршката во изградба на мандри за да можат сточарите во своите бачила да инвестираат во објекти за преработка на млекото од сопствено производство. Поддржуваме набавка и на опрема за прозиводство на тутун за да им го олесниме тој процес на тутунарите, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка” истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Во услови на светска економска и прехранбена криза, предизвикана од војната во Украина, минатата година на 20 април беа распишани четири јавни повици за поддршка и модернизација на земјоделските стопанства, а токму еден од нив беше повикот за поддршка при набавка на трактори, давајќи предност на земјоделците одгледувачи на полјоделски и индустриски култури.
Дополнително новата ИПАРД 3 програма нудиме конкретни мерки за поддршка и модернизација на македонското земјоделство, а македонските земјоделци имаат на распоалгање 200 милиони евра неповратни средства за модернизација на земјоделското производство.

Овај повик предизвикал рекордна заинтересираност, од пристигнатите барања 2.435 комплетно ги исполниле критериумите пропишани во јавниот повик. Повеќето од решенијата кои денеска ги добија беа за жени земјоделки.

Министерот најави дека од оваа година креираат и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, каде преку отворен јавен повик земјоделецот има можност да добие поддршка до 10 илјади евра за модернизација на своето производство, одбирајќи сам преку подготвен бизнис план во што и кога ќе инвестира.












