Николовски: Го променивме ликот на битолските училишта

СДСМ за нецел мандат на чело на локалната самоуправа во Битола го промени ликот на битолските училиштa, вака денеска на прес конференција рече претседателот на СДММ Битола Петар Николовски.

„Не постои училиште во градот, основно или средно, каде изминатите три и пол години нешто не е реконструирано, заменето, обновено, изградено. Дополнително, исплатени се долговите на сите средни училишта во Битола кои ги остави ДПМНЕ. Во Медицинско минато се срамните слики од искрешен училишен инвентар и врати. Во Медицинско вратен е долгот од над 16 милиони денари и инвестирано е во фасада, нов мебел, дограма, осветлување, компјутери, нови нагледни средства, внатрешна реконструкција. Во Таки Даскало, на пример, за три години, подмирени се долгови во износ од над 45.000.000 денари, а се вложуваше и се вложува во нов мебел, нови катедри, нов паркет, нови компјутери, нов покрив, нови нагледни средства. Во Техничкото училиште реконструирани се кабинети, тоалети, покривната конструкцијата, заменета е дограмата, се реконструираат спортските терени, подовите во училниците. Во Економското училиште комплетно се заменети вратите, осветлувањето, паркетот во сите училници, светилките во спортската сала, набавена е компјутерска опрема. Во Земјоделското училиште реконструиран е покривот, спортското игралиште, ходниците, тоалетите, променети се прозорците. Во Горната Гимназија набавени се нови училишни клупи и столчиња, поставени се телевизори во осум училници, обезбедени се нови нагледни средства, компјутери, ново осветлување со спортската сала, а реконструктивните зафати продолжуваат со над 6 милиони денари. Toa е новиот лик на средните училишта во Битола во кој општината се вложи со средства и капацитет како ниту една локална самоуправа досега. СДСМ докажа дека со домаќинско и одговорно работење, со правилно менаџериње можно е да имаме подобри услови и за учениците и за професорите. Затоа СДСМ е надоброто за нашата општина“ вели Николовски.

Сподели