ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОВСКИ: ГО РЕШАВАМЕ ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ НА 2000 ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД ПЕЛАГОНИЈА

Денеска во Битола со земјоделците од Пелагонија, средба имаше министерот за земјоделие Љупчо Николовски, за која рече дека како министерството го решаваат деценискиот проблем на 2000 земјоделски семејства од пелагонискиот регион.

„Проблемот ќе го решиме со консолидација и повеќе алатки на управување на земјоделското земјиште. Во согласност со сите сопственици, наместо земјиштето кое им е вратено со денационализација, ќе им се додели во сопственост ново земјиште со иста вредност и квалитет, со правилна форма, со обезбеден пристап за обработка и кое ќе биде извадено надвор од средишните блокови на ЗК Пелагонија.

Новото земјиште ќе им биде запишано со право на сопственост во катастар, сите ќе добијат нов имотен лист. Со ова придобивките на земјоделците и нивните семејства се многубројни. А исто така и за државата, и за македонското земјоделство. Добиваме функционални 1300 хектари обработливо земјоделско земјиште, што значи зголемено производство и нов придонес на домашната економија“ рече Николовски.

 

Претходно на средба со тутунопроизводителите од Кривогаштани рече дека лично отиде за да им се заблагодари за успешниот откуп.

„Нивната обединетост и нашата упорност даде резултат. Си подадовме рака со тутунарите и наздравивме за добриот тек на откупот на тутунот, и рекордната цена од 365 денари по килограм тутун.

Годинешниот откуп го завршуваме со 14.763,8 тони. Ова потврдува дека уште при креирањето на мерките го знаевме до најмала децимала производството и успешно креиравме мерки за развој на тутунопроизводството“ рече Николовски.