Николовски: Од Битола ќе тргнат промените

За време на денешниот престој во Битола потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски повика в недела масовно да се гласа и да се поддржи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник, Тони Коњановски.

„Очигледно моето доцнење покажува со какви инфраструктурни проекти се соочува Битола, но исто така покажува колку власта се сеќава да работи само пред избори. Гледаме дека цела Битола е раскопана сега предизборно дека сега практично не може да се влезе во градот, дека бројни улици се исто така раскопани и се прават инфраструктурни зафати, верувајќи дека на тој начин ќе убедат дел од луѓето да гласаат за нив, но во суштина револтот мислам дека ќе е многу поголем од она што го очекуваат и власта ќе биде казнета на овие избори .Денес сум тука да поразговараме со граѓаните за актуелните случувања и за изборите кои што ги имаме.  Ги поканувам битолчани масовно да излезат на избори, затоа што само со гласање се менуваат работите. Позната е онаа изрека дека добрите луѓе кои што остануваат дома  ги бираат лошите политичари и затоа јас ги повикуваам добрите луѓе да излезат  и да ги изберат добрите политичари со цел да се решаваат проблемите во Битола.Сметам дека имаме одличен тим, дека имаме одличен кандидат за градоначалник, одлична советничка листа, бројни експерти кои што застанаа позади тимот и затоа е потребна масовна голема излезност на изборите на 17 ти октомври со цел да се случат во Битола промени и да бидам директен промените може да ги направи само ВМРО ДПМНЕ. Ги повикувам  сите оние кои што се револтирани и да излезат да гласаат за Тони Коњановски, затоа што глас за помали политички партии или останување дома е практично глас за Зоран Заев“, рече Николовски.

Сподели