ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОВСКИ: ОЧЕКУВАМ ГОДИНАВА ДУПЛИРАЊЕ НА ПРИНОСОТ ОД СОНЧОГЛЕД

Голема е заинтересираноста за јавниот повик кој го распишавме за доделување на 5.722 хектари земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури, а со тоа е голем и интересот за производство на сончоглед, рече министерот за земјоделие при последната посета на пелагонискиот регион. Преку овој повик го зголемуваме домашното производство на стратешки култури, а со тоа ја намалуваме увозната зависност на државата, рече тој.  

„ Македонија била земја на сончогледот. Ако зборуваме пред 30 или 40 години и сме имале големи површини, за жал сега ги нема, меѓутоа тоа беше аларм дека навистина може да ги вратиме. Ги зголемивме субевнциите, тие до пред три години достигнаа до 23.400 денари по хектар доколку се користат сите мерки и се исполнуваат сите услови. Тоа доведе до делумно зголемување на површините, меѓутоа сметаме дека има сеуште простор како да го зголемиме домашното производство и како да го намалиме увозот. Затоа повторно оваа година во оваа пролетна сеидба искористивме да биде објавен огласот за доделување на земјоделско земјиште, интересот е огромен посебно во делот на произвоството на сончоглед. Воведовме мерка во интервентниот фонд која што се однесува за набавка на вештачко ѓубриво, за секој еден хектар од сончоглед државата обезбедува 2.500 денари за вештачко ѓубриво. Тоа е 40% од цените коишто гледаме како растат, меѓутоа тоа е нова и зголемена поддршка и сите оние коишто ќе остварат принос и ги употребат сите останати мерки во прозиводството, добиваат 5760 денари или околу 100 евра дополнителна развојна и мотивациска субвенција доколку имаат принос од над еден и пол тон по хектар, така што е зголемена поддршката, но и зголемен е интересот“, рече министерот Љупчо Николовски.

Министерот очекува годинава да биде дуплиран приносот на сончоглед, односно од ланските 5 илјади тони, годинава да стигнеме до принос од 8 до 10 илјади тони сончоглед, кој што ќе биде откупен од преработувачките капацитети кои произведуваат масло за јадење.   

„Она што јас го очекувам бидејќи сега со новите измени во директната програма воведуваме уште еден услов и критериум, да целокупното домашно производство или целата оваа поддршка за која што зборуваме 23.400 денари по хектар, 2500 денари за вештачко ѓубриво, за зелена нафта, и 100 евра мотивациска субвенција доколку навистина се употребат сите мерки и се направи принос повеќе од еден и пол тон, воведовме и услов целокупното домашно производство да остане дома, односно да биде предадено дома односно во преработувачките капацитети. Услов за да се користат овие мерки ќе биде доколку производителите го предадат во преработувачките капацитети. Тие гарантираат дека ќе го откупат, цените верувам дека ќе растат заради побарувачката и тоа е мотивот на сите политики коишто ги правиме, производството да биде за дома, граѓаните да се сигурни, да нема грижа, и она што јас го очекувам е дуплирање на производството во оваа година, односно може да стасаме до 10 илјади тони сончоглед оваа година којшто ќе биде откупен од преработувачките капацитети коишто прават масло за јадење. Минатата година откупот е 5 илјади тони, зголемени се површините, очекуваме од 8 до 10 илјади тони од оваа година и континуитет на политиките на субвенционирање, поддршка на производството на сончоглед заради тоа што сметам дека можеме да бидеме како кај јачменот каде за три години станавме увозно независни, односно извезуваме јачмен, мислам дека можеме да го направиме ова и кај сончогледот, а тоа е за доброто кај сите граѓани и за произвзодството на масло за јадење“, рече министерот за земјоделие Николовски.

Во моментов, активни се и пет јавни повици од Програмата за поддршка за рурален развој, преку која се обезбедува поддршка на земјоделците за набавка на силоси до 25 тони со мал капацитет за сопствена употреба, поддршка при изградба на мандри, набавка на опрема за производство на тутун, набавка на трактори и грант од 6000 евра за поддршка на жената во руралните средини.