Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски за време на својата посета на Битола, во придружба на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, имаше средба и со митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.
„Пријатен разговор со Владиката г. Петар. Многу искуство и знаење беше споделено од почитуваниот Владика. Поразговаравме за Македонската Православна Црква која отсекогаш е стожер на македонскиот народ. Основната причина за опстојот на Македонците низ вековите е вербата во Бога и нашата црква. Така било, така ќе биде и во иднина.
ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска и партија на народот секогаш е во поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија“ вели пратеникот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.












