ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: ЖИТЕЛИТЕ НА НОВАЦИ ЈА ИМААТ МОЈАТА ПОДДРШКА

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски кој на изборите беше носител во четвртата изборна единици, синоќа преку Фејзбук статус рече дека жителите на Новаци кои протеститраат ја имаат неговата поддршка.

Тој вели дека власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола.

„Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола. Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола! Се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!  А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување“ стои межу другото во објавата на Николоски.