Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во изјава за медиумите за време на посетата на Прилеп пред неколку дена, најави дека нивната влада ќе воведе линеарно зголемување на пензиите.
„Она што можам да го најавам за највозрасната категорија на граѓани во делот на пензиите, е дека уште во првата година од мандатот на ВМРО ДПМНЕ, планираме линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари, што значи дека оние кои што земаат најниска пензија од 12.000 денари веќе ќе земаат 17.000 денари и така прогресивно да продолжиме во следниот период“ рече Николоски.












