Николоски: Најбрзото и наједноставно решение е брзи предвремени избори 

Пратеникот и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва изјави дека најбрзото и наједноставно решение за излез од оваа целата политичка криза е брзи предвремени избори во најкус можен рок.

„Би сакал да се заблагодарам на пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“, како и на нашите партнери за тоа што денес имавме навистина еден од наша страна еден витешки ден.

За жал од другата страна имаме уште еден ден кој ќе остане запишан на црните страници на македонската историја за тоа што денес во Македонија  се погази демократијата.

Денес во Македонија беше киднапиран пратеник, денес во Македонија видовме како режимот на власт се трансформира во најкриминоген режим воопшто виден на просторот на Европа. Затоа ќе има одговорност, многу побрзо од тоа што мислат, ќе дојде денот кога ќе одговараат сите оние кои што денеска киднапираа пратеник и сите оние кои што одземаа телефони од пратеници и ги чуваа пратениците во одредени простории за да не можат да излезат и да комуницираат и направија се да македонската демократија денеска е погазена. Но, не за долго. Како што кажав за тоа ќе има одговорност.

Очигледно е дека криминалниот режим на власт се обидува по секоја цена да остане на власт, тоа нема да трае долго и од овде вечерва имам јасна порака во име на целата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“, а тоа е дека најбрзото и наједноставно решение за излез од оваа целата политичка криза, а сега безбедноста, здравствена  и енергетска криза е брзи предвремени избори во најкус можен рок. Тоа е решението за оваа криза која што ја зафати Македонија“ рече Николоски.

 

Сподели