Николоски кој како што соопшти Мицкоски дека ќе биде носител во четвртата изборна единица во која се наоѓаат и Прилеп, Новаци и Могила од овој регион, рече дека тука ќе биде најголемата победа на ВМРО ДПМНЕ.
„Прво во делот на резултататите, спортски да се изразам, јас имам компетитивен дух и сакам да се натпреварувам и знаете дека пред четири години дојдов тука директно да се спротивставам на Зоран Заев, не беше случајно тоа што дојдов пред четири години во четвртата изборна единица. Мислам дека и сега е чесно да бидам носител во четвртата изборна единица и затоа сум носител, затоа што во овие четири години, заедно со пратениците одлично се боревме за сите кои што живеат во четвртата изборна единица.
Она што можам да кажам е дека ќе имаме најубедлива победа во цела Македонија, тука во четворката, ќе освоиме најмногу гласови, ќе освоиме најмногу пратеници, во тоа сум убеден, така што најголемата победа за ВМРО ДПМНЕ ќе биде во четворката“ рече Николоски.











