Изборот никогаш не бил полесен. Изборот е дали Македонија ќе ја градиме како што ја сонуваа нашите предци или Македонија ќе ја уништуваат СДСМ и ДУИ, рече на вечерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата во Прилеп, носителот во четвртата изборна единица Александар Николоски.

„На 8 мај одлучуваме дали во паника, Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби и Бујар Османи ќе ги враќаат духовите од минатото и ќе ги бакнуваат знамињата на УЧК или ние гордо ќе ги вееме нашите македонски знамиња. На 8 мај одлучуваме дали Македонија ќе се доиспразни или ќе има одговорност за криминалците
На 8 мај одлучуваме каде оди Македонија и затоа ни е потребна масовна референдумска излезност, а после тоа она што го ветуваме ќе го оствариме затоа што ние сме многу сериозни во нашите ветувања“ рече Николоски.
„Овие шест и пол години како раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателот Христијан Мицкоски секојдневно се боревме со криминалната власт, не имаше секогаш кога е потребно на македонските улици, плоштади да се спротивставиме на предавствата, криминалот и корупцијата и 8 мај е денот кој го чекавме со години. Затоа 8 мај е круна на нашата борба, 8 мај е денот на победата, денот на кој нашата генерација добива шанса Македонија да ја направи пристојно место за живеење”, истакна Николоски на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Тој кажа дека овие избори се и за слобода на уставобранителите и правда за онеправдените.
„Овие избори се и за слобода на уставобранителите и за правда на онеправданите. Овие избори се за над 3,000 семејства пред се членови на ВМРО-ДПМНЕ кои беа жртва на политички прогон во изминативе шест и пол години. Овие избори се за правда, економски напредок за едно ново утре за сите вас, за сите нас”, дециден е Николоски.












