ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: НЕ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ СИЛЈАНОВСКА ЌЕ ПОБЕДИ, ТУКУ СО КОЛКУ ЌЕ ПОБЕДИ

„Македонија во моментов има претседател на држава на заминување кој веројатно е најодродениот претседател кој државава го видела. Човек кој нема допир нити со сопствената држава, нити со сопствениот народ. Мислам мапата да ја извадиме и да му речеме Стево Пендаровски ако погодиш кај е Беровци имаш втор мандат, без избори ќе остане и втор мандат, но нема поима кај сте и што сте нити знае дека воопшто постоите, тоа е тажната вистина за Стево Пендаровски”, истакна носителот на ИЕ 4 Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп од населеното место Беровци.

Николоски додаде дека најдобриот начин да се стави крај на оваа работа е масовна излезност и на 24 април и на 8 мај.

„Клучна е масовна референдумска излезност затоа што никој не прашува дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, туку прашањето е како и со колку ќе победи. Никој не прашува дали Гордана Силјановска Давкова ќе победи, туку прашањето е со колку ќе победи”, кажа Николоски.

Николоски истакна дека има бројни т.н сценаристи кои размислуваат на разни сценарија.

„Една од главните сценарија им е да го бојкотираат вториот круг на избори со цел изборите да не успееле. Најдобар начин да се спротивставиме на таа работа е масовна излезност на 24 април, шест цифрена разлика над 100,000 гласа разлика гласа за Гордана Силјановска Давкова како би можеле да ги демотивираме сите овие кои размислуваат на оваа опција и затоа е битно да се мобилизираме сите и да излеземе на гласање”, истакна Николоски.