ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ: ЧЕСТ МИ Е ДА СУМ НОСИТЕЛ ВО ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

Вчера претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги соопшти имињата на носителите на листите за парламентарните избори во пет од шесте изборни единици.

„На 24-ти април и 8-ми мај ќе победи чесна и намачена Македонија. Ќе победиме заедно со секој еден од вас што е против криминалот и корупцијата, што сака средена држава и силна економија.

Ја имам честа да сум носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ за четвртата изборна единица! Ќе победиме со најдобар резултат во историјата на демократските избори во Македонија! Ќе бидам секој ден со вас, со младите и старите, со земјоделците, работниците, пензионерите, малите и средни претприемачи, професорите и студентите! Победуваме“ напиша на својот фејзбук профил Николоски.