Ниска облачност и магла

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утрово најстудено со -6 степени беше во Кр.Паланка, Маврови Анови, -4 Лазарополе, -3 Тетово, Виница, -2 Дебар, Прилеп, Претор, -1 Скопје Зајчев Рид, Крушево, Битола, Охрид, Куманово, 0 Скопје Петровец, Гевгелија, 1 Струмица, Дојран, Д.Капија.

Утринава по котлините имаше значителна ниска облачност и магла. На планините и во Гевгелиско беше ведро.

И во текот на денот по котлините во поголем дел од денот со магла или значителна ниска облачност и тивко, а во останатите делови и особено на планините ќе преовладува сончево време.
Максималната температура во интервал од 6 до 14, а во местата со магла од 0 до 5 степени.

Share.