Нискоградба добива 6 милиоини денари за набавка на камион за зимската служба

Во соработка со Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој потпишан е договор со кој КЈП Нискоградба Битола ќе добие 6.000.000 денари неповратни средства за набавка на камион самоистоварач подготвен и опремен со плуг за чистење снег и резервоар со уред за расфрлање на сол кој ќе се користи во зимски услови за расчистување на снег во руралните делови на Битола. Со ова покажуваме дека инвестираме и така ќе продолжиме и понатаму за подобрување на условите за работа и подобар сервис на граѓаните, соопштија од Нискоградба.

Сподели