Нискоградба со апел до граѓаните по најавите за снежни врнежи

Поради најавата од Управата за хидрометерелошкиот работи за пообилни врнежи од снег и минусни температури кој ке преовладуваат за престојниов викенд,  битолска Нискоградба апелира до граѓаните на општина Битола и возачите да го прилагодат управувањето со моторните возила на условите на коловозот.
При движењето по градските улици да поведат сметка за прописно паркирање, како не би дошло до проблеми и пречки во расчистувањето на снегот од страна на дежурните екипи.
Сопствениците на непрописно паркираните стари и хаварисани возила, предвремено и самоиницијативно да ги отстранат од коловозите и тротоарите, стои во апелот од Нискоградба.
Сподели