ТЕРА

REKLAMA???

НОВА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ДОБИЈА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД БИТОЛА

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во придружба на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов денеска ја посети Територијалната против пожарна единица-ТППЕ-Битола каде беше реализирано примопредавање на опрема за противпожарните единици во Пелагониски плански регион.Преку програмата за прекугранична соработка со Грција, што ја координира Министерството за локална самоуправа се обезбедени скоро 400 000 евра за да се минимизираат ризиците од шумски пожари  и поплави во регионот, рече министерот за локална самоуправа.

„Обезбедена е целосна заштитна опрема  за вработените во противпожарните единици во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар. Проектот е кофинансиран од Буџетот на Министерството за локална самоуправа, за да можат да се искористат на најдобар можен начин средствата од ИПА инструментот на Европската Унија. Ги опремуваме сите противпожарни единици, вработените во противпожарните единици секојдневно се соочуваат со високи ризици по здравјето и по животот заради зачувување на безбедноста на нивните сограѓани и нивните имоти. Нивната соодветна опременост значи заштита на нивното здравје и живот и зголемена ефикасност и успешност во справувањето со огнената стихија“, рече министерот Пенов.

Како локална самоуправа, насочени сме и кон создавање на соодветни услови за работа на противпожарната единица, преку изградба на нов Противпожарен Дом во АРМ со површина на градбата од 1495 метри квадратни, рече градоначалникот Тони Коњановски.

„Со денешната активност, конкретно ТППЕ Битола, добива по 32 комплети интервентни заштитни одела, чизми, ракавици и 32 парчиња интервентни заштитни шлемови. На овој начин, се овозможува соодветна заштита на нашите пожарникари при нивните интервенции, што е многу важно при процесот на работа и делување, пред се за поголема безбедност и заштита, а со тоа и за брза интервенција“, рече Коњановски.

Оваа опрема е од големо значење за ТППЕ во Битола.

„Оваа опрема ни беше навистина неопходна и ја добивме во вистински момент, кога опремата што ја имаме веќе беше истрошена, па ја баравме од други места“, рече Горан Димкоски, командирот на Противпожарната единица од Битола.

Територијаната Противпожарна единица во Битола располага моментално со 13 противпожарни возила.