Нова игротека „Чудесна земја“ во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нов простор во Битола за најмладите во населбата Златен Рид.
Центар за едукација и забава на деца од предшколска и школска возраст “Чудесна земја”

Центарот за еукација и забава e составен од шест делови (катчиња), од кои четири делови ќе бидат наменети за возраст од 1 до 6 години, а останатите два дела за возраст од 8 до 13 години, таканаречен, “Teen” простор.

За дечиња на возраст од 1 до 6 години, четири катчиња, и тоа:

–    Катче бр. 1
Базен со пластични топчиња и аниматор за деца, девојче со костим на сирена.
–    Катче бр. 2
Пиратски брод, капетан Кук.
–    Катче бр. 3
“Cooke restaurant” – Слатка куќа  со деца кувари.
–    Катче бр. 4
“Си играме Доктори” – Деца со костими и реквизити на доктори и стоматолози.

А во “Teen” просторот, катче за поголемите дечиња два делови со многу забавни содржини.

–    Катче бр. 5 (машки дел)
Игри со стрелаштво во мети, пикадо, кошарка и сл.
–    Катче бр. 5 (женски дел)
Модна куќа со писта за манакенки, како и караоке шоу.

Центарот за едукација и забава во себе содржи и простор за угостителство – кафетерија.

Покрај забавниот дел, центарот ќе има и воспитно образовна димензија(Дневен престој) на деца од предшколска возраст, според стандардите за ран детски развој

Овој центар Ви нуди
1. Обезбедување на оптимални услови за престој, забава и воспитно – образовен развој на децата.
2. Реализација на воспитно – образовна програма.
3. Организација на театарски куклени претстави, во затворен и оторен простор.
4. Организирани спортски натпревари во летниот период.
5. Издавање на детски весник со текст и фотографии од сработеното на годишно ниво.
6. Соработка со локалните и националните телевизии, со цел изработка на емисии од детски карактер.

Игротеката со големи простории e лоциран на Ул.Рокдаил бр.8 – Битола, и располага со голем сопствен паркинг, зелена површина на која има место за играње на децата, и угостителство, со можност за организација на два родендени во исто време.

 

 

 

Share.