Нова лавина кај Бигорски, патот блокиран

0
650

Поради нова лавина во близина на Манастирот „Свети Јован Бигорски“, патниот правец Маврово- Дебар повторно е затворен за сообраќај. По лавината која се урна на патот синоќа околу 18 часот, новата се случи околу 5 часот изутринава. На патот има неколку илјади кубни метри снег и патниот правец е во прекин, изјави раководителот на пунктот на „Македонија пат“ во Дебар Деар Лимановски. Тој рече дека во текот на ноќта била отворена само една лента од патот, но новата лавина која е многу поголема од синоќешната целосно го има блокирано овој патен правец.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ започнаа да ја расчистуваат лавината од двете страни, со засилена механизација. Градоначалникот на општина Маврово- Ростуше Медат Куртовски изјави дека се информирани сите институции за состојбата на теренот со блокираниот пат. Најавено е и ангажирање на надлежните институции во земјава со цел патот да биде деблокиран.