Нова летна битолска песна „Лето, ти и јас“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лето, ти и јас е насловот на најновата битолска летна песна, која ја изведуваат дечките од Уникат Бенд. Како што велат ова е нивна прва авторска песна, но работат и на други нови песни кои треба да излезат во наредниот период. „Ова е само почеток на она што го подготвуваме, гледаме дека младите сакаат да слушаат македонска музика, па се одлучивме да работиме на тоа да создаваме нови авторски македонски песни“, посочи фронтменот на уникат Тодоровски.

Спотот е снимен на локации во Охрид и Преспа, снимањето им одело континуирано и истакнаа дека се задоволни од оние со кои соработуваа.

Дарко Ристевски подолго време е дел од Уникат бенд, тој посочи дека ќе работат на уште три песни и два видео записи со што ќе го најават и нивниот прв албум но и дека ќе настапат на фестивал во Петрич, Р. Бугарија.

Со оглед на тоа дека ова е нивна прва песна, прашавме какви се реакциите на публиката, а Стојановски истакна дека се горди и на тоа што на овогодинешниот Канео Фест во Охрид, добија трето место од стручното жири.

Тодоровски се заблагодари до оние кои помогнаа овој видео запис да се реализира.

Ункат бенд продолжува со својата работа, нивната нова авторска песна ќе ја презентираат на овогодинешното издание на Охрид Фест, а до тогаш за ова лето на публиката им ја препорачуваат Лето, ти и јас.

Share.