Нова обработка на песната Кога ќе одиш моме за вода

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Песната Кога ќе одиш моме на вода, доби нова обработка од страна на Тони Димитриоски, Македонец кој живее и работи во Австралија.

Димитриоски е академски музичар, трубач кој се школувал во Австралија.

Присутен е на музичката сцена ширум Австралија во изминатите 20 години. Има издадено еден албум и е пропратен мулти инструменталист на сите музички звезди за време на нивните турнеи во Австралија.

Аранжманот и сите инструменти во обработката се во целосна изведба на Тони Димитриоски. Вокалот е на Џесика Марковски, исто така родена и музички образована во Австралија.
Песната е снимена во студиото  LJP STUDIOS  во Сиднеј.

Тони ова лето ќе биде присутен во Македонија, во јули и август, кога има за цел да реализира неколку веќе договорени соработки со врвни музичари и интерпретатори на народна музика во Македонија.

 

Share.