Нова пијано изведба на божиќната Тивка ноќ од битолчанката Ирена Ангеловска

Битолчанката Ирена Ангеловска, која веќе неколку години живее и работи во Нов Зеланд, ја изведе во пијано верзија една од најубавите божиќни песни Тивка ноќ.

Аранжманот на истата е на Иван Лохвин.

Таа е наставник по пијано и клавијатури во едно од најголемите приватни училишта во Окленд, како и истражувач-докторант на тамошниот Универзитет.  Заедно со својот сопруг го формираше македонскиот камерен хор кој изведува музика од македонски композитори и со тоа да ја промовира македонската музика и култура.

Таа исто така  работеше на истражувачкиот проект за културната разновидност во училиштата на Нов Зеланд.

За Битола  вели: Ми недостигаат моите Битолчани. Тоа што го имавме меѓу нас, сите средби, сите муабети и прегратки го правеше секое ќоше од Битола прекрасно. Сепак едно од најдрагите места за мене е селото Дихово од каде што потекнува татко ми. Дихово ми ја скокотка душата и ми буди прекрасни спомени од моето детство. Претходно Ирена направи нов пијано аранжман за песната “Ако одам во Битола”.

Сподели