Пристигна новата пролетна модна колекција во “Бутик Ивет”

Што се однесува до облеката, старите правила што ги знаевте важат исто толку колку и новите трендови. Се појавија свежи варијанти на старите кројки и нови кроеви на новите трендови, кои тврдат дека имаат право да бидат дел од новиот светски поредок. Така, оваа своевидна културна револуција, на старо-новите трендови го претставува сето она што треба да го носите од пистите за оваа сезона. За новите трендови поразговаравме со Весна, менаџер на Бутик Ивет кој се наога на Широк Сокак и кој неодамна доби нова колеција која е стварно милина за очи.

Освен што боите се нежни и смирувачки, и материјалите се лесни и направени да уживате додека ги носите. Спортски кроп топ или градник во комбинација со кратки или долги и обемни шорцеви! Главната работа е да не заборавите лежерно да наметнете кошула или блејзер на горниот дел. И за момент имате одлична модна комбинација, која доколку имате струк и добри стомачни ќе ви даде максимално убав изглед на обликувано тело како супер модел.

Трендот на преголемите ровови палта на почетокот изгледаше шокантно и надвор од мода. Но, правецот „надвор од мода” стана многу модерен и јасно го постави тонот. Рововите палта беа исто така понудени во светли и пастелни бои токму тоа направи тие да изгледаат многу достоинствено и привлечно. Вп Бутик Ивет пронајдовме голем број на пролетни преголеми палта во топли пастелни бои но, и во комбинации со контраст. Во моментов насекаде околу светот овие палта се нешто што мора да се има во оваа Пролет-Лето сезона доколку сакате да сте во тек со светските трендови. Весна ни покажа и дел од фустаните со различна должина кои дефинитивно ќе сакате да ги носите ова лето.

Деним јакните оваа сезона се модифицирани со интересен дизајн на задниот дел и со преголеми ракави. И да не ги забпоравиме аксесоарите, без нив изгледот не може да биде комплетен. Во Бутик Ивет ќе најдете и избор на аксесоари со кои можете да ја го надополните изгледот и да создадете уникатен моден лик.

Оваа сезона инфлуенсерките велат дека клучот е во комбинациите со светли парчиња облека, во бела, кремова или боја на лаванда.

Најдобрата идеја е да започнете со детали, како сандали или кожена чанта, а потоа преминете на поголеми парчиња. Оваа сезона тотално заборавете на класичните анимал принтови, нив оставете ги за понатаму.

Сподели