Нова рунда консултации за градење доверба меѓу Македонија и Грција

0
242

Денеска во Скопје ќе се одржи 7. рунда консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Грција.

Како што информираат од македонското МНР, овие консултации се одржуваат како дел од мерките за градење доверба меѓу двете земји.

Според најавите, се очекува во двете делегации учество да земат и претставници на повеќе ресорни институции.

makfax.com.mk