Ски лифтот на Копанки на Пелистер доби нова сајла од австрискиот производител „Teufelberger“ за претстојната зимска сезона. Монтирањето беше вчера на ски патеката.

„Љубителите на зимските спортови и посетителите на Баба планина ќе уживаат во лифтот од Копанки до Ливадче. Нашата компанија вложува во сите свои капацитети, на задоволство на сите граѓани“ рече генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.


„Инвестицијата која што е влог на ЕСМ и ЕЛЕМ Турс е во вредност од околу 20 илјади евра и со ова за двојно ќе се зголеми капацитетот на овој ски лифт“ рече Ковачевски.

Им се заблагодари на вработените во ЕСМ, на РЕК Битола, на ФОД, на ЕЛЕМ Турс, на хотелот Молика и на планинарите од планинарскиот клуб „Пелистер“ и сите оние кои помагаат.













