Нова средба на Заев со Касами

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Уставните измени во третата и финална фаза денеска повторно пред пратениците во собранието откако вчера седницата беше одложена и презакажана за денеска напладне. Премиерот Зоран Заев и денеска беше во преговори со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени.

Она што јавно го соопшти Касами е дека условите се да нема македонско државјанство кај Албанците и да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

 

Share.