Нова стотка на пелистерци, убедливо совладан и скопска ФМП Академија

Деветти пат во четиринаесеттиот натпревар оваа сезона, битолскиот прволигаш ја помина границата од 100 поени и дојде до уште една убедлива победа.

На домашен терен ја совлада Академија ФМП со 100-72 за зацврстување на лидерската позиција по ова 16. коло од домашното првенство.

Бојан Трајковски имаше одличен меч со „дабл-дабл“ од 20 поени и 13 скока, пред Кесар со 17 поени, додека трет стрелец кај Пелистер беше Вилијамс со 16 постигнати поени. Кај гостинот од Кисела Вода, најмногу се истакна Крстајиќ со 17 поени.

Сподели