Новиот полигон ќе биде Горно Оризари

0
4397

-Полигонот минатата недела беше запишан во катастар. Локацијата ќе биде на потегот во Горно Оризари, како поманаму ќе се одвиваат активностите, ќе ви кажам дополнително откако ќе одржам средба со претставници од Автошколите од градот, затоа што сакам да го слушнам и нивното мислење. Не дека досега го немам слушнато нивното мислење, но од нашата последна средба помина подолг период, во меѓувреме можеби настанале некакви промени на ситуациите и состојбите, и откако и таа страна ќе ја сослушам ќе видиме дали општина Битола ќе биде таа која што ќе го уреди, или ќе одиме во некоја друга форма на уредување на полигонот. Она што е задоволително е тоа што сме во фаза на одредена локација, до издавање на градежна дозвола, така што за скоро време битолчани не би требало да одат во другите градови за да полагаат возачки испит, рече Наташа Петровска, градоначалник на Битола.