Новиот предлог-закон за тутун наскоро на јавна расправа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Висока просечна откупна цена од 217,5 денари за килограм, зголемени субвенции кои што за прва класа достигнуваат и до 80 денари за килограм и низа мерки кои што ќе придонесат за што пореална исплата на субвенциите на тутунарите. Ова беше темата на трибината на прилепските тутунари со министерот за земјоделство,Љупчо Николовски што се одржа синоќа во Прилеп.

„Сакаме да ги резимираме резултатите од последната реколта, бидејќи имаме информации што потврдуваат дека е постигната исклучително висока откупна цена на тутунот од 217,5 денари за килограм. Владата на Република Македонија во претходниот период внимателно ја следеше постапката во делот на откупот. Тука сме да ги објавиме и новите политики на Владата во овој дел, но и да ги разгледаме отворените прашања и на транспарентен начин да го продолжиме дијалогот со тутунопроизводителите“, порача меѓу другото министерот Николовски.

Како што рече Николоски, неговото присуство на трибината се должи на потребата од засилување на комуникацијата со земјоделците, пред сѐ со тутунопроизводителите од прилепскиот регион.Според градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски зголемувањето на висината на субвенциите за тутунот од минатогодишната реколта доаѓа во вистинско време. Затоа што ова се случува во период, кога на тутунопроизводителите им требаат пари за подготовки за претстојната сезона.

„Како регион со најголемо производство на тутун во Република Македонија, зголемувањето на висината на субвенциите има големи придобивки за прилепскиот регион. На овој начин ќе заживеат чаршијата, пазарот и економијата, што претставува огромен придонес за граѓаните на општина Прилеп“, изјави градоначалникот Јованоски.

На трибината освен министерот Николовски и градоначалникот Јованоски, пратеници, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и други гости.

Share.