Нови возила за комунален отпад за Демир Хисар и Крушево

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион набави нови возила за собирање на комунален отпад за Општина Демир Хисар и Општина Крушево.

Денеска и официјално возилото беше промовирано после остварената средба во Крушево на директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион Гого Видимче, градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски и градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.

Вкупната вредност на проектот изнесува 6.063.666,00 денари од кои 5.457.298,00 денари се средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година на БРР а општините Демир Хисар и Крушево кофинасираат во проектот со по 303.184,00 денари.

Со овој проект се придонесува кон заштитата на животната средина во општината, а индиректно и во целиот Пелагониски регион.

 

Share.