Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат утре попладне и в среда

0
306

Умерено облачно, во западните делови претежно облачно и со слаб ветер од променлив правец.Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 11 степени.
Времето утре облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуогоисточен правец.

Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат утре попладне и во среда. Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови на земјава (локално над 30 литри/м2).Утре на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а кон крајот на денот и ноќта како и во среда претпладне, снежната граница ќе се спушти и пониско. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми а на повисоките места ќе се формира помала снежна покривка. Во среда попладне врнежите ќе престануваат.