Нови законски решенија за поголем развој на волонтерството во Македонија

Поради надминување на предизвиците од 14-годипната имплементација на Законот за волонтерство и понатамошен развој на волонтерските политики во државата, на иницијатива на неколку граѓански организации, со поддршка на кабинетот на претседателот и Министерството за труд и социјална политика беше покрената иницијатива за измени и дополнување на Законот за волонтерство и креирање нова Национална стратегија за развој на волонтерството. Работна група која беше составена од претставници на државните органи и граѓански организации изминатите неколку месеци интензивно работеше на подготовка на предлозоте за измена и дополнување на Законот за волонтерство и нацртот на новата стратегија за развој на волонтерство 2021-2025. Токму на оваа тема МКЦ битола денеска организираше јавна дискусија.
-Ова е серија настани кои ги организираме баш во овој момент бидејќи законот е на јавна расправа, поставен е на единствениот електронски регистар на прописи и времето за коментирање истекува за десетина дена, изјави Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.


Понудени се нови законски решенија кои ќе значат понатамошен развој и промоција на волонтирањето. Една од новините е што јавните институции повторно ќе се отворат за волонтерите. Но исто така се допрецизира како волонтирањето да се разликува од другите неплатени работи.
-Она што е ново е што се овозможува пак волонтирање во јавниот сектор, што беше оневозможено во законот за трансформација во редовен работен однос. Јавните институции пак ќе се отворат за волонтерите преку регулирано волонтирање. Исто така се скратува времето за регистрација на странски волонтери, вели Талевски.
Интересот за волонтирање е добар, но има простор за подобрување, вели Талевски.
-Не постои истражување со конкретни проценти, околу 20% од младите се ангажирани волонтерски.
Тој рече дека кај нас моментално има и странски волонтери преку различни програми.
Законот со новите измени е на јавна расправа до 22 јуни по што ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Собранието. Покрај денешната дискусија во Битола, МКЦ Битола ќе органиизра уште две консултативни средби наредната недела во Прилеп и Охрид.

Сподели