Нови мерки за јавната администрација

Комисијата за заразни болести денеска донесе нови предлог мерки кои ќе ги предложи до Владата, а го опфаќа вработените во јавната администрација и здравствените работници.
Според министерот Филипче, целта е да се намали евентуалниот притисок врз болниците, односно, потребно е болниците да работат за сите граѓани, не само за Ковид позитивните пациенти.

Ќе препорачаат да има одговорно лице назначено од одговорниот во институцијата кое на самиот влез ќе врши контрола.
Министерот Филипче изјави дека препораките се до овие мерки да се приклучат и приватните компании, а исто така Комисијата за заразни болести препорача и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.

Комисијата за заразни болести препорача и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките денес предложени да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата за да граѓаните имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.

Министерот Филипче изјави дека препораките се до овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Бараме да се ажурура процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги електорнските алатки на европските сертификати преку апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност.

Ова е мерка со којашто очекуваме значајно да се зголеми опфатот со вакцинацијата. – изјави министерот Филипче.

И Стопанската комора на Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.

Како што соопшти денеска потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, ова барање во вид на Иницијатива е веќе доставено до Владата.

-Ја поддржуваме задолжителната вакцијација во јавниот сектор, посебно во здравството, но сметаме дека вакцинацијата треба да биде задолжителна и во приватниот сектор како што прават повеќето европски земји, повикувајќи се на правото на работникот за заштита при работа. Мора заеднички да работиме на подигнување на степенот на имунизација, што е неопходно да се постигне во пократок временски период за да се спречат мутациите на вирусот. Затоа предлагаме мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат, рече Трајковска на прес-конференција.

Според неа, вработените треба да бидат вакцинирани против КОВИД, да имаат потврда дека го прележале вирусот или да се тестираат и за тоа, кога ќе доаѓаат на работа, да приложуваат соодветен сертификат. Притоа, работодавачот, мора да води соодветна евиденција.

Сподели