Нови напади врз сириските бази предизвикале земјотреси

0
245
Од сириската армија објавија дека синоќа повторно биле бомбардирани неколку нејзини воени бази, поточно во околината на Алепо и Хама. Се шпекулира дека експлозиите биле толку силни што предизвикале земјотрес кој бил регистриран во неколку соседни земји.

„Сирија е изложена на нова агресија. Неколку воени бази во провинциите Хама и Алепо беа погодени од непријателски проектили во 22.30 часот по локално време“, соопштил извор од сириската војска за државната телевизија.

Како што е соопштено од страна на „Ројтерс“, опозицискиот активист Басам Џара изјавил дека една од локациите кои биле гранатирани е воената база Бригада 47 во близина на градот Хама, која, како што кажал, е познат центар за регрутирање на шиитски секташки паравоени групи, поддржани и контролирани од страна на Иран, а кој се борат заедно со редовната сириска армија.

Сириската опсерваторија за човекови права извести дека најмалку 26 прорежимски борци, повеќето Иранци, загинале во воздушните напади, најверојатно изведени од израелската армија.