Нови правила за поставување на урбана опрема

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како да се реши проблемот со оградите, најлоните и параваните кои обезбедуваат гостите во угостителските објекти да можат да седат во простор каде што се пуши односно не им е ладно. Неколку години наназад критики ја како што велат битолчани грдата слика на Широк сокак, но и други локации низ градот. Сега со унифицирана опрема треба да се корегира таа слика.

Советот на општина Битола ја донесе одлуката за начинот и критериумите за поставување урбана опрема. Во одлуката на Советот се вели дека  Поставувањето на урбана опрема, не смее да претставува или да има ефект на бариера во просторот, која може да го попречи безбедното движење на пешаците или да го оневозможи движењето на лица со посебни потреби и на возилата од јавните служби.

 

При поставување на урбана опрема, не смее да се преземаат градежни зафати, а особено не зафати со кои се менува материјалот и нивелетата на површината што се користи.При поставување на урбана опрема, не може да се  поставуваат платформи или рампи, освен ако служат за нивелирање на подлогата на терен во пад, каде котата на едната страна од платформата се поклопува со котата на теренот и не го попречува или отежнува движењето на пешаците или лицата со посебни потреби, но во зимски период, може да се постават платформи и рампи кои не го попречуваат или отежнуваат движењето на пешаците и лицата со посебни потреби.

Минималната широчина на улицата на која може да се постави урбана опрема, изнесува 3,2м.  При поставувањето на урбаната опрема мора да се запазат следните стандарди: поставувањето на урбаната опрема мора да биде на минимално растојание од 0.80м од рабникот на коловозот (за кошничка за отпадоци, жардињери, информативни паноа и др.) односно 1.5м до 2,5м од рабникот на коловозот (за автобуски стојалишта, киосци, дрвореди).Минималната височина при поставување на чадори за сонце изнесува 2.4 м, а при поставување на настрешници и тенди минималната височина изнесува 3.2 м.

Поставувањето на урбана опрема пред деловните објекти каде што се врши дејност, е дозволено само во широчината на деловниот објект кон јавната површина, доколку се исполнети стандардите од оваа одлука и условите од други прописи.При поставување на урбана опрема на тротоари, минималната слободна проодна површина од попречниот профил на тротоарот изнесува 1,5м.Во случај на поставување на настрешници, тенди, истакнување на фирми, поставување на информативни паноа како и друга опрема на објект кој преставува културно наследство, односно поединечно заштитено добро, или на дел од заштитеното добро Старо Градско Јадро на Битола прогласено со закон за културно наследство од особено значење, особено на објекти кои го творат амбиенталниот изглед на заштитените добра Урбаните комплекси „Широк Сокак“ и „Стара Чаршија“ истото се изведува само со претходно обезбедено одобрение од Управата за заштита на културното наследство согласно член 80 став 2 од Законот за заштита на културното наследство.

 

На ул.„Широк Сокак“ минималната широчина на слободната проодна површина  треба да изнесува по 2,25м од двете страни на осовината на улицата, освен во зимски период, кога минималната широчина на слободна проодна површина треба да изнесува по 3м од двете страни на осовината на улицата.Низ улиците во Старата Битолска чаршија минималната широчина на слободната проодна површина  треба да изнесува по 1,25м од двете страни на осовината  на секоја  улица посебно.Во комплексот „Градски реонски пазар“ минималната широчина на слободната проодна површина треба да изнесува 2м од периферијата на објектот.

А кои се условите за поставување урбана опрема во зимскиот период:

Секоја година во периодот од 15.11 (ноември) – 15.04 (април), сопствениците на угостителски објекти може да постават УО метална ограда со стакло, само по ширината на објектот, на локациите улица ,,Широк Сокак“  и комплекс ,,Градски реонски пазар“.
По завршувањето на периодот од став 1, сопствениците на угостителските објекти, должни се веднаш да ја отстранат УО металната ограда со стакло како и дрвената платформа (подлога) на сопствен трошок. Висината на металната ограда со стакло треба да биде 1,80м од кота нула, со тоа што металниот дел ќе биде во висина од 0,9м, а стаклениот дел 0.9м во форма на правоаголник. Металниот дел треба да биде обоен во две бои- зелена маслинеста(Y145) и валкано бела (слонова коска) (X050)  (вертикално) согласно каталогот HELIOSS MONICOLOR 720.На локацијата за која ќе биде издадено одобрение за поставување на УО (метална ограда со стакло), во зимскиот период мора да се постави дрвена платформа (подлога) со минимална висина од 15цм, со соодветна изолација од долната страна.Прицврстувањето на металната ограда со стакло задолжително да биде на дрвената платформа (подлога).Се забранува прицврстување на металната ограда со стакло на облогата на нагазните јавни површини и на градбите во кои се сместени објектите (членот се однесува за баратели кои имаат објекти на амбиенталната улица Широк Сокак и Стара чаршија.)

При доставување на Барањето за поставување на урбана опрема до Градоначалникот на Општина Битола, задолжително да се достави и Барање до Управата за заштита на културнотo наследство – Скопје согласно член 80 став 2 од Законот за заштита на културното наследство со цел добивање Одобрение од Управата. Во Барањето задолжително да има Извод од централен регистар, детален цртеж со опис на постојната состојба на површината на која се бара да се врши дејност, детален цртеж со опис на новата ситуација на површината на која се бара да се врши дејност, како и детали на урбаната опрема што ќе се лоцира на површината на која што се бара да се врши дејност. (членот се однесува за баратели кои имаат објекти на амбиенталната улица Широк Сокак).
На барателот за поставување на урбана опрема кој што нема да добие Одобрение од Управата за заштита на културното наследство, Барањето за поставување на урбана опрема ќе му биде одбиено.Се забранува поставување на урбана опрема и користење на јавна површина се до добивање на важечко Одобрение во кое ќе бидат пропишани условите за користење.

Во одлуката која беше изгласана се вели дека субјектите се должни да го усогласат своето работење со измените од оваа Одлука во рок од 20 (дваесет) дена од денот на влегување во сила на Одлуката.

Share.