ТЕРА

REKLAMA???

НОВИ ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ НИЗ УЧИЛИШТА ВО СРБИЈА

Српските медиуми јавуваат за нови пријави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија.

Утрово наставата е прекината во повеќе училишта во Ниш, заради закани за поставени бомби.

Министерството за образование соопшти дека дојавите за подметната направа стигнале на адресите на е-пошта на неколку основни и средни училишта во Србија.

До крајот на полагањето, наставата ќе се одржува онлајн, а учениците ќе бидат вратени во клупите, по потврда дека состојбата е безбедна.

Деновиве српското министерство за внатрешни работи соопшти дека утврдено е дека осум од дојавите во претходните случаи стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.

Од 11 март до денеска телефонски или преку електронска пошта, до различни институции во Србија стигнаа стотина дојави за наводно поставени бомби на јавни места и во објекти, како трговски центри и бројни училишта, мостови, плоштади итн.

фото: Блиц.рс