ТЕРА

REKLAMA???

НОВИ САДНИЦИ ВО НОВИОТ ПАРК

Битолски „Комуналец“ засадуваше на нови садници во новиот парк во Нова Битола, како дел од активностите на општинската акција „Недела на пролетта”.

Претпријатието продолжи со хортикултурно уредување на просторот, а најмладите од ЈОУДГ „Мајски цвет”, во рамките на своите едукативно воспитни содржини, имаа можност директно да се запознаат со придонесот кој може да го даде човекот во периодот на заживување на природата.

Од Општината велта дека на овој начин, кај децата се поттикнува и одговорноста, но и грижата за животната средина, која може да биде убава, исто онака како што ја замислуваат и посакуваат најмладите, а денес најдобро ја отсликаа низ изработките направени заедно со нивните учителки.

Со ваквото хортикултурно уредување, кое ќе продолжи и следните денови, Битола добива нов парк, на кој најмногу ќе се радуваат децата, но ќе биде прекрасно место за одмор и прошетка на сите генерации, порачуваат од општината.