Нови судири во Каталонија

0
270

Повеќе десетици демонстранти во Каталонија се судрија со полицијата откако Врховниот суд на Шпанија ги заостри правните мерки против сепаратистите во регионот.

За време на конфликтот, повеќе од 20 лица беа повредени.

Врховниот суд пресуди на група од 25 каталонски лидери да им се суди за бунт, измами и непослушност кон земјата, пренесоа светските агенции.

Тие би можеле да бидат осудени и на 30 години затвор.

Во судирите за време на протестите во Барселона полицијата употреби пендреци за да ги спречи демонстрантите да дојдат во зградите на федералната управа.

Демонстрации имаше и во други делови на Каталонија. Демонстрантите носеа знамиња и извикуваа слогани за независност, додека некои палеа слики на судиите на Врховниот суд и на шпанскиот крал Фелипе.

Немирите се случија откако некои од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Уставниот суд на Шпанија вчера издаде потерници по шест каталански сепаратистички функционери, меѓу кои и Пучдемон, а денеска тие беа обвинети за бунт.

mkd.mk