Нови цени на горивата – бензините и дизелот поскапуваат

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – од вечерва ќе купуваме малку поскапи бензини и дизел.

РКЕ повторно ги објави новите цени на горивата – и од вечерна на полноќ цените на бензините и дизелот се зголемуваат.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.74 проценти. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0.5 денари и еден литар од овие горива ќе чини 66.00 односно 67.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0.50 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 54.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици. До крајот на годината ќе имаме уште една рекалкулација на цените.

Share.