Новогодишен музички подарок за битолчани преку концертот Виена во Битола

Прекрасен новогодишен подарок подготви Камерниот оркестар на Битола со новогодишната бајка „Виена во Битола“. 

На програмата на концертот беа најубавите валцери, полки и арии од Штраус, Шостакович, Верди, Лехар и други, кои ги слушаме секој први јануари на изведбата на познатиот виенски концерт во Виена , а овојпат таа бајка имавме можност да ја чуеме во Центарот за култура Битола.

Посебен новогодишен акцент на концертот му даде настапот на солистите, Благој Нацоски (тенор), Биљана Јосифов (сопран). Покрај нив и настапот на примабалерината Мими Поп-Алексова, како и дел од ансамблот на Македонската опера и балет.

Тенорот Нацоски недомна настапи како дел од вердиевата Травијата во Македонскта опера и балет.

Солистката Билјана Јосифова неодамна настапи како гостин на концертот на Нацоски во Скопје, од Скопје до Неапол, а во Битола настапи со македонската опера и балет со „Палјачи“  од Руџеро Леонкавало , на јубилејното 30 то издание на  Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола.

Фотографии Центар за култура

 

Сподели