ТЕРА

REKLAMA???

НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР ВО УЧИЛИШТЕТО ВО НОВАЦИ

Со многу смеа, детски џагор и празнична магија, во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци се одржа Новогодишниот панаѓур.

„Овој настан ги собра сите дечиња од нашата општина, како и гости од осум основни училишта од Битола, создавајќи незаборавна атмосфера полна со радост и ентузијазам“ вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

Распеаните и насмеани деца, преку новогодишната претстава „Желбаркото“ ја претставија својата креативност и талент.

На панаѓурот беа изложени рачни изработки, украси, слики и разни уникатни предмети, кои со љубов и посветеност ги изработија учениците. Секако, не недостасуваше ниту вкусна храна која ја збогати целата манифестација.

„Настанот покажа дека соработката меѓу училиштата и заедницата е клуч за организирање вакви успешни настани кои оставаат траен впечаток. Благодарение на учесниците и посетителите, оваа година новогодишниот панаѓур беше уште поспецијален, а детската радост беше најголемата награда за сите. Празничната магија продолжува, а со вакви настани ја поттикнуваме креативноста и солидарноста кај најмладите, подготвувајќи ги за иднината со вредности што траат цел живот“ вели Стевановски.

Стевановски им ги честиташе престојните празници на жителите на општината.

Членовите на раководниот тим на АД ЕСМ – Подружница РЕК „Битола“, Виолета Ковачевиќ и Томислав Пишмановски, денеска го посетија традиционалниот Новогодишен базар што се одржа во ООУ „Славко Лумбарковски“, Општина Новаци.

„Овој прекрасен настан, чија организација ја помогнаа колегите од комбинатот, се одржа со учество на учениците од Новаци и од Битола, кои со свои новогодишни проекти го збогатија базарот. Вистински празничен амбиент беше создаден со тезги полни со честитки, украси, лампиони и колачиња, во духот на претстојните празници“ рекоа од ЕСМ.