Магичната бајка во Хотел Шумски фенери започна и оваа година. Место кое стана препознатливо по создавањето новогодишни чуда за кои посетителите чекаат ред за да ги овековечат со своите мобилни телефони, предновогодишните моменти со своите најблиски, моменти на среќа, љубов, насмевки, позитивни чувства.

Вистинско новогодишно царство повторно беше создадено во дворот и објектот на најпривлечниот хотел и ресторан „Шумски фенери“ во потпелистерското село Трново. Љубезноста и пречекот од сопствениците го зачинува целиот овој амбиент кој од година во година е се покреативен и поразличен од другите.

Новогодишната бајка е создадена со преубавава накитена елка, со многубројни лампиони, сијалички, светкави ленти, дедо мразовци, различни украси изработени од вештите раце на сопствениците, подароци и многу повеќе.

Оваа забава сите ја прераскажувааат цела година и со нетрпение се очекува наредната.

Веќе четврта година по ред Божиќниот базар се одржа во украсениот двор на Хотел Шумски фенери и создаде атмосфера како од бајка со најубавата празнична музика, вкусни колбаси, арома на варено вино и планинско топло чајче како и слатки колачиња за дечињата.












