Новозеландски фирми ги повлекуваат рекламите од социјалните мрежи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Низа новозеландски компании ги повлекоа денес огласите од социјалните мрежи по преносот во живот на терористичкиот напад врз џамиите во Крајстчерч на Фејсбук и објавата на расистичкиот манифест на напаѓачот на Твитер.

Вчера и Здружението на огласувачи на Нов Зеланд (АНЗА) и Советот за комерцијални комуникации објавија соопштение во кое ги поттикнуваат своите членови добро да размислат каде ќе ги потрошат своите пари за рекламирање.

„Настаните во Крајстчерч го отвораат прашањето – ако сопствениците на страниците можат да ги целат потрошувачите на огласите во микросекунди, зошто истата технологија не може да се примени за да се спречи пренос во живо на таков вид содржина?“, се вели во соопштението.

Фејсбук во неделата соопшти дека во првите 24 часа по нападот отстраниле 1,5 милиони снимки, од кои 1,2 милиони биле блокирани при самото постирање.

mkd.mk

Share.