Новоотворен ресторан во Битола-Дренка

0
6953

Доколку сакате да ја избегнете градската врева, ви нудиме идеално место за уживање. Ве покануваме да го посетите новоотворениот  ресторан Дренка, каде ќе можете да го почувствувате топлиот и пријатен амбиент збогатен со вкусната храна и професионална услуга.
Лоциран во прекрасната природа на Баба планина која изобилува со густа шума и чист планински воздух, ресторанот има   уникатен шарм и на посетителите им нуди можност да уживаат во  амбиентот.
Воздухот што се вдишува овде како ретко каде го има вкусот на сите мириси на природата, а погледот -најголемото семејство на бои од палетата на уметникот.
Едноставно, ова е ресторан кој претставува рај за луѓето што копнеат за инспиративен мир и за тишина.
На ова место претходно постоел ресторан кој се викал Дренка, а за кој луѓето ги врзувале многу убави спомени. Од тука доаѓа и името на новиот ресторан.

Во овој пријатен амбиент ќе се чуствувате опуштено и далеку од градската врева во интимна атмосфера каде ќе уживате во специјалитетите кои ги нуди овој ресторан.

Во ресторан Дренка организираат  деловни ручеци и вечери по ваша желба, шведски маси, коктели, банкети, родендени и други видови на забави.

Дренка се наоѓа наспроти хотел ресторан Шумски фенери на патот за Пелистер,
посакувана дестинација за одмор и за рекреација во кое било време од годината.
Ова е ресторан каде што квалитетот е бесценет, амбиентот неповторлив, уживањето комплетно.