Новото раководство на РК Пелистер санира долг од 110 илјади евра

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новото раководство на РК Пелистер санира долг од 110 илјади евра. Вака денеска на пресконференција објави техничкиот директор Борче Корлчевски. Затекнале долг за плати, побарувања од доверители, позајмици, аванси, сметки за мобилни телефони, кирија за стан.

-Оваа нова управа според решението од Централниот регистар започна да работи на 09.01.2018 година. Основен долг кои што го затекнавме беа неисплатени три плати во висина од 83 илјади евра. Овие финансиски средства се во целост исплатени кон ракометарите, стручниот штаб и лицата задолжени во РК Пелистер. Ги имаме исплатено платите за јануари и февруари и за скоро ракометарите ќе ја добијат платата за месец март. Побарувањето од контото спрема добавувачи е во висина од 10.054 евра. Имавме извршно решение за Ројал обезбедување , две години денар не му било ништо исплатено а тие си ја обавувале својата работа. Имало позајмици и аванси спротивно од законот. Имаме неподмирени сметки за купување на мобилни телефони, едната сметка е 44 илјади денари а другата е 90 илјади денари. За користење на стан во Карпош на име РК Пелистер долгот изнесува 396.040 денари или 6.500 евра. Тужба со извршено решение за случајот Игор Арсиќ кој буквално ја блокира сметката на РК Пелистер до денес кога ја одблокиравме сметката со новата дотација од општина Битола, изнесува 595 илјади денари плус судските трошоци или вкупната такса е од 11 илјади евра. Ракометарот Игор Арсиќ случајот го даде на суд, во кој што РК Пелистер го изгуби. Имаме дополнителни трошоци за такси, за награди и организации, иако според договорот за работен однос во РК Пелистер-Битола има постоечка систематизација како за работниот секретар така и за спортскиот директор, сепак долговите ги има во било кој однос, од сметките кои што ги имаме. Се на се, оваа управа на РК Пелистер во овие три месеци санираше долг од повеќе од  110 илјади евра, рече Борче Корлевски, технички директор на РК Пелистер.

Share.