Ново пукање во училиште во САД, убиено 17-годишно девојче

0
239

Нова жртва на пукање во средно училиште во Соединетите американски држави. Убиено е седумнаесет годишно девојче во училиште во Алабама, а еден соученик е ранет. Властите соопштија дека инцидентот бил ненамерен.

Лицето кое пукало е од училиштето, но не е откриен неговиот идентитет. Според началникот на полицијата во Бирмингем, Орландо Вилсон, истражителите ги испитуваат околностите на инцидентот. Засега никој не е уапсен.

Овој инцидент следи по масакрот во средно училиште во Флорида минатиот месец, кога 17 годишниот Николас Круз уби 17 ученици и професори, а рани 15.