Ново рочиште за „насилствата во Центар“

0
228

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ на СЈО.

Обвинети во овој случај се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Минатото рочиште што беше закажано за 1 јуни беше одложено за денеска, бидејќи еден од обвинетите, Александар Трајковски заминал на службен пат во Хрватска.